| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе излекувано од досега неизлечив тип на леукемија

Животот на бебето беше спасен со помош на терапија со специјално дизајнирани имуни клетки произведени од „Celletics“. Една година Лејла од Велика Британија беше подложена на овој експериментален третман откако сите други познати терапии завршија со неуспех.

Тоа е третман со клетки кои генетски се обработуваат при што, Т-клетките се додаваат на новите гени кои потоа се подготвени за борба против леукемијата.

Семејството на Лејла не размислувале премногу кога се појавила новата опција за експериментален третман.

– Беше тешка одлука. Тоа беше единственото решение кое би можеле да го избереме. Немаше друга опција. Ние не сакавме да си одиме дома, а да не се обидеме со се што ни преостанува за да ја спасиме Лејла – изјави мајката на девојчето, Лиза.

Технологијата која се користи за модификација на клетките е наречена TALEN или метод на „молекуларни ножици“, бидејќи гените буквално се сечат и намалуваат за да бидат практично невидливи, бидејќи силнот лек против леукемија инаку ќе ги уништи. Потоа, овие гени се „репрограмираат“  за да ги целат и уништат само клетките на леукемијата.

– Ова значи дека имаме нова опција и дека мораме нешто да направиме за децата како Лејла – вели  д-р Пол Вајс, лидерот на тимот кој го спаси животот на Лејла.

– Иако Лејла сега е добро, сепак не можеме да знаеме како ќе биде во иднина- вели таткото Ешли Ричардс.

Лекарите предупредуваат дека иако ова е голем чекор напред, тоа не мора да важи за сите деца, но Лејла е храбро мало девојче, изјавил д-р Вајс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top