Утрово во 04.45 часот од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесено починато бебе. Информацијата ја потврди портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.
– По наредба на надлежен Јавен обвинител е излезено на самото место, се работи на целосно расветлување на настанот – соопшти таа.
Од Јавното обвинителство од Велес потврдија дека наложиле обдукција.
Од кавадаречката Брза помош изјавија дека бебето не давало знаци на живот и дека лекарот само ја констатирал смртта. Малечкото било однесено до кавадаречката општа болница од каде што пријавиле во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)