| четврток, 6 декември 2018 |

Грците поразени во резолуцијата за Македонија

Пратениците на владејачката партија на премиерот Андонис Самарас Нова демократија, гласаа против резолуцијата за Македонија

evroparlament-evrospki-parlament-685x320

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) вчера ја изгласа Резолуцијата за извештајот за напредокот на Македонија од 2012 година, изготвена од  страна на известувачот Ричард Ховит, кој е член на групата на социјалистите во Европскиот парламент, јави грчката државна телевизија ЕРТ.

Телевизијата нагласи дека пратениците на владејачката партија на премиерот Андонис Самарас, Нова демократија, гласаа против резолуцијата за Македонија.

– За жал, во Резолуцијата се бара од Европскиот совет без одложување да ги отвори пристапните преговори со земјата, со што одговорноста за развојот на настаните индиректно се префрла на грчката страна. Згора на тоа, обидите да се отстранат на термините „Македонија“ и „македонски“ од оригиналниот текст резултираа со соломонско решение да се отстрани терминот „Македонија“, но во извештајот остана придавката „македонски“ – коментира ЕРТ.

По гласањето, шефот на пратеничката група на Нова демократија во ЕП, Мариета Јанаку, изјави дека „по безброен пат и покрај напорите на сите грчки членови на Парламентот, корелациите во ЕК не дозволуваат јасна позиција во корист на Грција“.

–  Секако, овој тренд го следи ставот на Европската комисија, која минатата година побара почеток на преговорите, сметајќи дека тоа ќе помогне во напорите да се постигне договор за прашањето за името. Сепак, европскиот курс на Македонија  е надлежност и одговорност на Европскиот совет. Таму грчката влада силно ја поддржува потребата да се постигне заемноприфатливо име за сите употреби и само тогаш соседната земја може да ги почне пристапните преговори – ја пренесува државната грчка телевизија изјавата на Јанаку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top