| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со нови три бода, за Шкендија само реми и одалечување од врвот на табелата

vardar-skedija-25-Oktomvri-2015-----23

Македонскиот шампион Вардар на домашен терен во рамките од 14.коло во ПМФЛ славеше над Брегалница со 3-1 по целосен пресврт на резултатот. „Црвено-црните“ го искористија киксот на најголемиот конкурент за титулата Шкендија по ремито во Кичево од 2-2 против Хоризонт Турново и се зацврстија на првото место на табелата.
„Вардарци“ мораа да бркаат негатива откако уште во 6. минута Брегалница поведе преку Нацев, за да во првиот дел израмни Ивановски. Во второто полувреме се си дојде на свое место со двата гола во финишот, најпрво на Хабарџумјан во 79. минута и потоа на нововлезениот Стефан Спировски во 86. минута од средбата.

skendija

Шкендија иако на двапати водеше против Хоризонт Турново и имаше бројчна предност на теренот по исклучувањето на Стоилов во 65.минута сепак не успеа да дојде до три бода. Гостите од Турново не се предадоа и успеваа да го израмнат резултатот по водствата на Шкендија. Бесарт Ибраими од пенал донесе водство, но израмни Сашко Пандев со прекрасен гол. Потоа Жуниор донесе ново водство, но во вториот дел Најденов заокружи на 2-2.

Резултати ПМФЛ 14.коло: Силекс – Работнички 0-0, Вардар – Брегалница 3-1, Шкендија – Хоризонт Т. 2-2, Младост ЦД – Металург 1-5, Шкупи – Ренова 3-0

Табела: Вардар 36 бода, Шкендија 33, Работнички 20, Шкупи 19, Силекс 19, Ренова 16, Брегалница 13, Хоризонт Т. 13, Младост ЦД 13, Металург 8 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top