| четврток, 6 декември 2018 |

Станала баба на 29 години, а нејзиниот 14-годишен син – татко

Лусија Дезире Пастенез (29) од Аргентина станала баба, откако нејзиниот 14-годишен син станал татко.

Таа својот син го опишува како многу добар татко.

– Тој е средношколец, се грижи за својот син и има добри семејни вредности. Многу постари мажи не преземаат ваква одговорност врз себе за да се грижат за своите деца – вели неговата мајка.

Лусија има уште три деца и вели дека не сака да се меша во односот кој го има нејзиниот син со својата девојка.

Не ги форсирала да се венчаат или пак да останат во врска, така што девојката живее со своето семејство, а нејзиниот син со неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top