Со тужба за загрозување на детето се соочува мајката од Охајо, која му дозволи на нејзиниот десетгодишен син да направи трајна тетоважа. На видеото, кое беше споделено на „Фејсбук“, 34-годишната Ники Дикинсон е до својот син во моментот кога тој добива тетоважа од 16-годишник.
Дикинсон во полиција изјавила дека синот долго ја молел да добие тетоважа, а таа на крај попуштила бидејќи се уморила од неговите молби.
Покрај мајката, на која и се заканува казна од шест месеци во затвор, со тужба се соочува и 16-годишниот тату-артист, бидејќи се согласил да го тетовира момчето, но и затоа што тоа го правел во домашни услови, восомнителна несанитарна и ризична по здравје околина.
Видеото погледнете го тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.