| четврток, 6 декември 2018 |

Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!

Романката Рифка Станеску, која на 12 години родила дете, официјално е најмлада баба на светот – на 23 години се пофали со внуче.

Приказната за Рифка Станеску во 2011 година го обиколи светот кога со само 23 години стана најмлада баба на светот. Името, таа имала само 12 години кога ја родила ќерката Марија, но и покрај фактот што ја воспитувала да не тргне по нејзините стапки, ќерката забременила кога имала 11 години.

Младата баба од селото Ивести во Романија, вели дека ја советувала својата ќерка да оди на училиште, ама не ја послушала.

Нејзиниот внук сега има речиси 8 години и веќе има планови за својата женидба.

-Среќна сум што сум баба, но сакав нешто поинакво за Марија. Нејзиниот син Јон е добро дете, а веќе на 8 години си вереше девојка. Момчиња е секогаш добро да се има – зошто тие не страдаат толку колку девојчињата – рече Рифка.

Рифка се спротивставила на своето семејство и побегнала со продавачот на накит Јонел Станеску кога имала 11 години. Тие двајцата се венчале и Рифка набрзо забременила. Интересно е што оваа Романка на овој начин успеала да избегне договорен брак, кој нејзиното семејство го планирал за неа.

-Сакав да се омажам за него. Секако, кога побегнав, ние двајцата секоја вечер ја поминувавме заедно и не постоеше ништо и никој кој би можел да не раздвои- признава оваа необична баба.

Сепак, колку и да сакале Јонел и Рифка нивната ќерка Марија да се посвети на образованието, таа сепак одлучи да се омажи млада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top