| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најдобриот месец за зачнување бебе?

Истражувањето на Уиверзитетот во Индијана, каде биле анализирани повеќе од 270.000 бремени жени меѓу 2004 и 2009 година, ја покажало врската меѓу периодот на зачнувањето и здравјето на новороденчињата.

Бебињата кои се зачнати во декември се многу поздрави од останатите, стои во соопштението на Универзитетот.

Бебињата зачнати во јуни, пак, се најподложни на разни болести.

– Изгледа дека витаминот Д е од голема важност за здравјето на доенчињата. Резултатите покажаа и дека бебињата кои се родени во лето се поиздржливи од оние кои се родени во зима – изјави Пол Винчестер, професорот кој го водеше истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top