Еди Марфи наскоро може да стане најмногудетниот татко. 54-годишниот актер комичар ја потврди веста дека ќе стане татко по деветти пат. Мајка на идното бебе е девојката модел Пејџ Батчер.
Тие се четири години заедно и очекуваат да станат родители во мај.
“Еди е вистински семеен човек. Тој ги обожава сите деца и е многу возбуден дека повторно неговото семејство ќе се прошири “, призна извор за Дејли Мејл.
Од бракот со Никол Марфи, со која се раздели во 2006 година, по 22-годишен брак, Марфи има 5 деца – Брија (25), Мајлс (22), Шејн (21), Зола (15) и Бела (13 ).
Со Пулен Маккијни Еди има син Ерик (26), а со Тамара Худ 25-годишниот Кристијан. Актерот успеа да и направи дете и на поранешната спајсица Мел Би, од која има 8-годишна ќерка Ангел.
„Иако неговите деца имаат различни мајки, сите се собираат често за празници и други настапи и се однесуваат како вистинско семејство. Децата го сакаат многу, а нивните мајки одамна го преболеле Еди и имаат други мажи во нивниот живот, па се разбираат идеално “, додаде изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.