| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетиран тимот: Катица Јанева ќе работи со 12 обвинители

akt163-Katica-Janeva-740x320
Комплетиран тимот на Катица Јанева, Советот на јавни обвинители избра уште петмина помошници за Специјалното обвинителство.
Јанева денеска допставила предлог со пет имиња, од првичните седум, кои Советот одби да ги избере на претходната седница.
Овој пат едногласно биле изгласани сите, а главиот аргумент пред кој Советот попуштил , било образложението дека се зголемува обемот и бројот на предмети на кои Специјалната обвинителка ќе работи.
Од списокот отпаднале обвинителите Дарко Јакимовски и Снежана Бундалевска, двајцата од Скопското обвинителство.  За дел од обвинителите пак, за кои имаше информација дека веќе работеле на случаи поврзани со прислушувањето, Аневски вели ќе се води сметка да не дојде до судир на интереси.
Советот на јавни обвинители претходно го преполови тимот на Јанева. Од 14 кои таа ги побара доби само седум, што беше причина за застој во преговорите меѓу партиите и мета на критика од меѓународната заедница дека се крши Договоорт од Пржино.
Јанева досега требаше да почне со работа, но Специјланото обвинителство дури вчера доби простории за работа во објектто на Агенцијата за млади и спорт, откако претходно беше одобрен и буџетот.
За утре пртепладне е закажана седница на која сите 12 обвинители се очекува да положат и свечена заклетва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top