Извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, ќе биде објавен на 12 ноември.
Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан беше дециден дека ЕК ќе остане посветена на проширувањето, и покрај шпекулациите дека го загубила интересот. Тој посочи дека клучните поглавја 23 и 24, Европската Комисија со сите земји кандидати ќе ги започнат преговорите со ЕУ, ќе ги отвара на почетокот на преговорите, а ќе ги затвара на крај. ЕК нема скриена агенда и нема да прави разлика помеѓу земјите кандидати. Ако сакате да станете дел од ЕУ мора да се знае кои се условите, порача еврокомесарот Хан.
Иако се очекуваше утре да биде објавен Извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, тој ќе биде објавен следната недела.
Според ЕК, претходните две изданија на Спикап конференцијата, организирана од Генералниот директорат за проширување во 2011 и 2013 година произведоа вредни заклучоци што станаа важна референтна точка за справување со прашањата, формулирање на политиките и пристап за помош во оваа област. Две години подоцна, според неформалната Влада на ЕУ време е да се направи преглед на постигнатите резултати и да се дефинира патот за напред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.