| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Интерпелацијата е можност да се соочат аргументите и фактите

Интерпелацијата е демократско право. Мислам дека не ми виси над глава нешто од што треба да се бранам. Напротив сметам дека интерпелацијата е можност да се соочат аргументите и фактите, да видиме што е направено, а што не е, , што порано не било направено, а што сега е направено, истакна министерот за здравство Никола Тодоров во гостувањето во Дневникот на МРТ.

-Многу често во здравствениот сектор се користат општи фрази кога се сака некој да се нападне, како на пример хаос, несреденост, недостасува материјал, незадоволство на пациентите. Многу малку се говори за деталите, а јас тоа го очекувам. Очекувам да зборуваме за тоа дали претходно имаше државна Кардиохирургија, дали претходно имаше детска кардиохирургија, дали и колку имаше компјутерски томографи во Македонија, пред десет години имаше една сега има 12. Да зборуваме за тоа колку апарати за магнетна резонанца имаше, посочи министерот за здравство.

Тодоров нагласи дека очекува на интерпелацијата да се разговара со факти и аргументи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top