Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2017 што ќе се игра во Полска.
Македонија во групата Ф ќе игра со добропознатите противници, Чешка, Романија и Естонија. Носител на групата е репрезентацијата на Чешка со која се соочивме во квалификациите за ЕП 2009 и ЕП 2013. Со Естонија игравме во полуфиналето на Европската лига 2015 славејќи со 3-0.
Македонската одбојкарска федерација аплицираше и за домаќин на Групата Ф во квалификациите, но организаторот дополнително ќе биде определен. Квалификациите стартуваат со претквалификациската фаза, а квалификациските турнири ќе се играат во септември следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.