| четврток, 6 декември 2018 |

Извештаите за напредокот на Македонија и на другите кандидати ќе се објават в четврток

­ Извештаите за напредокот на Република Македонија и на другите земји­-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија, се очекува да бидат, конечно, објавени в четврток (5 ноември), јавува дописникот на МИА од Брисел.

eu

 

Иако не сакаше официјално да потврди, портпаролот на Еврокомисијaта Маргаритис Схинас, денеска не негираше дека конечното објавување на годишните извештаи за прогресот ќе се случи идната недела, со оглед на тоа што се чека одржувањето на парламентарнтие избори во Турција, земја­кандидат што поради бегалската крзиа сега е најважна за Брисел. ­

– Следете внимателно – порача портпаролот Схинас за информацијта дека еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, ќе ги објави извештаите в четврток.

За Република Македонија, тоа значи дека до четврток напладне, за кога се очекува Хан да ги презентира извештаите пред Еворпскиот парламент, ќе биде неизвесно дали ќе добие седма последователна препорака за отворање на преговорите за членство во Унијата.

Според најавите, дотогаш, доколку има напредок во преговорите меѓу четирите политички партии во земјата за усвојување на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, се очекува ЕК да додели препорака за преговори. Во случај на продолжување на преговорите, тогаш се очекува Хан да соопшти условена препорака со усвојување на точките од договорот, додека во случај на целосен крах до четврток на политичките преговори во Македонија, тогаш земјата ќе остане без препорака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top