| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден пред 20 години Македонија стана полноправна членка на ОН

Република Македонија на денешен ден пред 20 години со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) беше примена за 181. полноправна членка на светската организација.

он

Со тоа беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца поранешна југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името кои досега не дадоа резултати. Атина поради несогласувањата со уставното име ја блокира поканата за Македонија за членство во НАТО, како и почнувањето на пристапните преговори со ЕУ.

Република Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 167 држави во светот, а под уставното име е признаена од повеќе од 130, меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top