| четврток, 6 декември 2018 |

Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН

Нобеловата награда за мир на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Си Чи нема да и биде одземена и покрај извештајот на Обединети нации во кој се наведува дека армијата на Мјанмар извршила масакр врз Рохинџите.

Таа ја доби Нобеловата награда за мир во 1991 година за борба за демократија, но ја критикуваат дека не ја осуди операцијата на армијата против Рохинџите.

– Аунг Сан Су Чи ја доби Нобеловата награда за мир за својата борба за демократија и слобода во 1991 година, истакна секретарот на Комитетот за Нобелова награда, Олаф Нолстда.

Тој додаде дека според правилата на Комитетот не е дозволено одземање на Нобеловата награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top