| четврток, 6 декември 2018 |

Капиталците Арсенал и Челси паднаа во „Капитал купот“

celsi

Англиските капиталци Арсенал и Челси настрадаа во раната фаза на популарниот „Капитал купот“, или Лига куп на Англија, што е во рангот на сензација.

Двата лондонски клуба се елиминирани во осминафиналето со порази од Шефилд Венздеј, односно Стоук. Арсенал кој игра во одлична форма беше декласиран од второлигашот Шефилд со 3-0 и испадна неочекувано лесно, а патем ги загуби и репрезентативците на Англија Чембрлен и Волкот кои се повредија.

Челси успеа да ја одложи елиминацијата во регуларните 90 минути во последен момент со голот на Реми во самиот финиш, но потоа падна на пенали. Еден Азар го утна клучниот удар од белата точка, по што Стоук се пласира во четвртфиналето.

И Челси скапо го плати данокот и со пораз и со повреда на Диего Коста, кој предвреме го заврши мечот поради проблеми со грбот.

На пенали во следната фаза се пласираа и Евертон против Норич и Хал во дуелот со Лестер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top