| четврток, 6 декември 2018 |

Дуинг бизнис: Македонија највисоко рангирана економија во регионот

Македонија е највисоко рангирана економија од регионот, 12-та глобално рангирана од 189 економии во светот, покажува годишното мерење за олеснување на водење бизнис на Групацијата Светска банка, Дуинг бизнис.

doing_biznis-18899

„Земјата се истакнува во неколку области на олеснување на работењето, и исто така, презема реформи во текот на изминатата година. На пример, Македонија продолжи во поедноставување на процесот за започнување бизнис преку воспоставување задолжителна онлајн регистрација. Како резултат на тоа, земјата сега е втора најдобро рангирана глобално во областа на Започнување бизнис“, се наведува во извештајот.

Литванија и Латвија се втора и трета од најдобро рангираните економии од регионот, глобално рангирани на 20 и 22 место.

Над 90 проценти од економиите во регионот на Европа и Централна Азија имплементирале реформи за подобрување на нивната бизнис клима во текот на изминатата година, открива годишното мерење за олеснување на водење бизнис на Групацијата Светска банка.

Годинешниот Дуинг бизнис извештај го комплетира двегодишниот обид за проширување на бенчмарковите со кои се мери квалитетот на регулативата, како и ефикасноста на регулаторната бизнис рамка, со цел подобро да ја опфати реалноста на теренот. Од пет индикатори кои имаа промени во овој извештај – Добивање градежни дозволи, Добивање електрична енергија, Спроведување договори, Регистрација на сопственост и Прекугранична трговија – економиите од Европа и Централна Азија имаат добри перформанси, што имаше позитивен ефект врз нивното глобално рангирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top