| четврток, 6 декември 2018 |

Може да се заштеди и до 50 проценти за рани резервации за зимски одмор

одмор

За рани резервации за зимски одмор граѓаните може да заштедат и до 50 проценти, информира Елизабета Попоска туристички работник во Струга.

Според неа, за резервации до 31 октомври туристичките агенции нудат попуст од 25 до 50 проценти за сите хотели во Република Македонија. Процентот се намалува за резервации во ноември и во декември.

– Секој што планира да оди на одмор добро е да го искористи овој период да резервира. За еден семеен одмор во просечен хотел се користи од 250 до 300 евра намалување на цената за рана резервација – вели Попоска.

Посочува дека изработуваат и програма за ученици, за што родителите се задоволни бидејќи добиваат намалување на аранжманот за околу 50 евра по ученик, отколку ако одлучат да го пуштат детето на зимување во последен момент.

Попоска смета дека е потребно да се направи промена во принципот на работа околу раното и доцното резервирање.

– Последните години се трудиме да дадеме впечаток на раното резервирање, тоа е подобро и за патниците и за туристичките агенции. Се планира навреме, се добива попуст, кој за определени програми е до 35 проценти. За зимувањата има и до 50 отсто намалени цени за рано резервирање. Одиме на тоа да се планира навреме кога и како да се реализира патувањето – изјави Попоска.

Според неа, понудите за резервирање во последна минута треба да се даваат еден до два дена пред реализација на аранжманот, а не една недела порано.

Покрај сезонски, туристичките агенции во струшкиот регион работат преку целата година со реализација на програми за продолжените викенди, празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top