| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо оставил 20.000 евра бакшиш во хотел на одморот во Грција

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо бил многу задоволен од услугата во луксузниот хотел „Коста Наварино“ на Пелопонез, во Грција, каде престојувал неодамна со семејството.

Дел од медиумите во Англија пренесуваат дека кога Роналдо се одјавил од луксузниот хотел оставил бакшиш од 20.000 евра, а притоа замолил парите рамномерно да бидат распределени на сите вработени.

Роналдо одмараше во Грција пред почетокот на новата фудбалска сезона во која ќе ги брани боите на трофејниот Јувентус од Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top