Трагедија на позната охридска плажа, му се слошило и паднал во вода, прилепчанец почина за време на одмор. Како што иформираат од полицијата, на М.М.(78) од Прилеп, кој бил непосредно до брегот на Охридското Езеро, вчера околу 10:30 часот му се слошило и паднал во водата.
Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт.
Извршен е увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.