Каде е канцеларката Ангела Меркел е прашање кое деновиве се обидуваат да го одгатнат германските медиуми и тамошната јавност. Фактот дека германската канцеларка летото го користи за да одмара не е никаква новост, но за новост може да се смета тоа што овој пат слободните денови не ги минува заедно со сопругот Јокаим Сауер во Јужен Тирол, како што тоа обично го прави, и тоа во присуство на медиумите.
Наместо тоа, медиумите годинава се изненадени од нејзиното „исчезнување“.
Имено, Сауер го поминува својот одмор со синот од првиот брак, во хотел, во кој изминатите години друштво му правеше и Меркел.
Ваквата ситуација беше повод весникот „Билд“ да шпекулира за причините за одвоениот одмор.
Нејзиното последно јавно појавување беше на 25. јули на фестивалот Вагнер во Бајрот, а следниот термин за кој се најавени нејзини обврски е 20. август.
Инаку, Меркел, на летната прес-конференција објави дека годинава ќе замине на одмор од неколку дена, за време на кој планира добро да се наспие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.