| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски и Јанакиески со Кинезите заштедиле над 150 милиони долари

На денешното рочиште на предметот Траекторија се слушаше разговор помеѓу тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски и министерот Миле Јанакиевски поврзан со условите за финансирање кои Македонија ги преговарала и добила од кинеската Ексим банка.

Во денешниот разговор се слушна како разменуваат мислења и прават план со цел да добијат многу поповолни услови од оние кои ги добила Република Србија за сличен проект, и од оние кои ги понудила првобитно Ексим банката. Пешевски и Јанакиески успеале да ја симнат каматата од 3% на 2% на годишно ниво, со што за кредитот од околу 780 милиони УСД секоја година се заштедуваат 7,8 милиони УСД, односно за 20 години колку што е рокот на кредитот направиле заштеди во буџетот од 156 милиони УСД.

Во истиот разговор се гледа дека нашле начин работниците на проектот да не бидат Кинези (како што е на проектот што се гради во Црна гора), туку тие да се македонски државјани и успеале да го зголемат учеството на македонските компании во изведување ма работите од понудените 20%, на најмалку 49%, со цел да обезбедат работа за македонските компании. Денес е познато дека досега над 80% од работите на кинеските автопати во Македонија ги изведуваат македонски компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top