Амандин Лејно одлично го бранеше голот на ЖРК Вардар, а стаса и да постигне погодок против Хипо од гол на гол, со што се најде во одбраното друштво од топ 5 најубави голови во второто коло во Лигата на шампионите.
Погодокот на Лејно можете да го погледнете ОВДЕ.
Вардар има класа голман и во машка конкуренција, а Арпад Штербик брани неверојатно добро од почетокот на новата сезона и постојано има двоцифрен број на одбрани. И против Кјелце бранеше импресивно со што заслужи две признанија. Тој се најде и во идеалниот тим на колото и во на листата од петте најдобри одбрани на шестото коло.
Најубавата одбрана на Штербик против Кјелце и воопшто на голманите во шестата рунда можете да ги погледнете ОВДЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.