Вардар го игра најдоброто полувреме сезонава и води со 18-14 против моќниот состав на Кјелце, кој досега нема пораз во Скопје против македонските тимови во ЛШ.
Вардар постојано беше во предност, најмногу со 5 голови разлика, 18-13 и покажа дека двата порази од Колдинг и од Загреб се минато.
Арпад Штербик се врати на голот и брани импресивно, а во офанзивата Дибиров, Дујшебаев, Шишкарев и останатите ракометари во „црвено-црни“ дресови се незапириливи. Одлично брани гостинскиот голман Шего, што ги спречи домаќините да водат со уште повисока разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.