Македонскиот ракометен првак Вардар е исправен пред тешка мисија да ја сопре низата од два порази, денеска од 17,30 часот во меч од Лигата на шампионите против незгодниот полски тим Кјелце. Гостите се вистински убиец на македонски тимови и нема пораз во Скопје.
Кјелце на двапати го елиминираше Металург во нокаут фазата во ЛШ и еднаш беше подобар од Вардар, што потврдува дека се работи за екстраквалитетен состав, еден од фаворитите за настап на Ф4 во Келн.
Добра вест за „црвено-црните“ е што во составот се враќаат Аршад Штербик и Алекс Дујшебаев. Во Скопје денека повторно ќе има семеен дуел меѓу таткото Талан Дујшебаев кој е тренер на Кјелце и неговиот син Алекс кој игра за Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.