| четврток, 6 декември 2018 |

Интересен фудбалски спој, скопјани и битолчани ќе играат во Прилеп

vardar-pelister-14

Вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар денеска ќе се игра во Прилеп. Интересен фудбалски спој на скопјани и на битолчани кои ќе играат на стадионот „Гоце Делчев“ во најфудбалскиот град во Македонија, Прилеп. И тоа во реваншот од осминафиналето на националниот куп. Уште ако се додаде дека вардаровите бои во моментов ги бранат четворица битолчани, тоа е најава за добар меч, иако Вардар е речиси сигурен четвртфиналист по победата во Скопје во првиот дуел со 4-1.

Во останатите реванши денеска од 14.30 ќе играат: Младост – Велазерими (прв меч 4-2), Силекс – Ренова (2-1), Шкупи – Брегалница (0-2), Љубанци – Македонија Ѓ.П. (2-3), Металург – Шкендија (0-2), Работнички – Гостивар (4-0), Скопје – Турново (1-3).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top