Четири лица завеани во снег во битолското село Горно Ореово, утринава биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траело до 6 часот наутро, и истите беа завршени на безбеден начин.
Како што соопштија од ДЗС, веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.
„По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.