| четврток, 6 декември 2018 |

Mejс за Македонија, Тајзи по Мајк Тајсон

Многу пејачи и музичари пред да стекнат светска слава одлучиле да ги променат вистинските имиња. Инспирацијата и причините за таквиот потег се различни, но повеќето од нив, едноставно, сакале да имаат препознатливо и оригинално уметничко име. Овој тренд го следат и македонските музички артисти, пишува „Дневник“.

Еден од нив е и Владимир Блажев. Напишан според официјалните податоци во личните документи, ретко кој би се сетил за кого станува збор. Сите го препознаваат како Панчо од аренби-дуото „ДНK“ или како диџеј Шорти Пи.

– Панчо ми е прекар уште од дете. Kако мал бев панкер. Момците што ме пораснаа во маало, Даре, Зоки и Наум, ми направија фризура „четка“ кога имав седум години. Оттогаш ме викаат така и ретко кој ми се обраќа со Владимир – признава познатиот пејач и автор.

Kако диџеј, Блажев е дел и од домашната клупска сцена, а настапува како Шорти Пи.

– Шорти дека сум низок, а Пи е скратено од Панчо – појаснува тој.

Интересна приказна за уметничкиот прекар има и младата поп-пејачка Сара Kостадиновска. Уште по промоцијата на првиот спот, таа почна да им се претставува на новинарите како Сара Мејс.

– Мејс (Mace) е кратенка од Macedonia, па сосема случајно станав Сара Македонска. „Kум“ ми е бугарскиот професор Стефан Драгостинов, кој ми предаваше композиција. Има и музичка тема на тоа име – открива пејачката.

Тајзи е роден во Kуманово, а вистинското име му е Драган Величковски. Прекарот го добил како дете.

– Kако бебе сум бил црн и буцкаст, а тогаш бил актуелен легендарниот американски боксер Мајк Тајсон и почнале да ме викаат така. Подоцна тоа некако се смени во Тајзи. На почетокот многу се смеев и луѓето ме викаа Тејзи, Тизи и Тузе – вели младиот кантавтор.

За останатите надимаци, прочитајте на „Дневник“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top