| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го преброди жешкиот Чаир и осамна на врвот по киксот на Шкендија

vardar fudbal

Фудбалерите на Вардар ја покажаа сета своја сила на гостувањето на жешкиот терен во Чаир против екипата на Шкупи и сосема заслужено славеа со 3-0.
Со го презема врвот на табелата во првата македонска лига, особено по киксот на лидерот Шкендија во Охрид каде одигра само 1-1 против Младост Царев Двор. Победи на домашен терен остварија Ренова против Хоризонт Турново (5-2) и Силекс против Металург (3-1).
Вардар успеа да го победи Шкупи на Чаир со 0-3. Во одлична атмосфера која ја направија „Шверцери“, и без посериозни инциденти, беше тоа вистински дерби – натпревар, во кој „црвено-црните“ заслужено стигнаа до трите бода. Филип Ивановски уште во деветтата минута го постигна првиот гол за Вардар. Дејан Блажевски го зголеми водството откако ја надмудри одбраната на Шкупи во 36.минута. Конечниот резултат во 90.минута го постигна Стефан Спировски со прецизен удар од 15 метри уште еднаш го совлада Зендели за конечни 0-3.жШкупи имаше свои шанси за гол преку Асани и Бајрами, но мрежата на црвено-црните остана мирна.

Шкендија не е истиот тим без Хасани кој мора да отуствува од терените на подолг период поради повреда. Тоа се виде во Охрид каде одигра само 1-1 со новајлијата во лигата Младост Царев Двор.
Бесарт Ибраими во 34.минута од пенал ја доведе Шкендија во водство на гостувањето во Охрид против Младост Царев Двор, но Ерсен Сали со одличен удар од 25 метри, пред самиот крај на првиот дел израмни на 1-1.
Во второто полувреме, Шкендија напаѓаше, имаше свои шанси преку Ибраими, Жуниор и Кировски, но тие не беа прецизни.

Резултати ПМФЛ 10.коло: Шкупи – Вардар 0-3, Младост ЦД – Шкендија 1-1, Силекс – Металург 3-1, Ренова – Хоризонт Турново 5-2.

Вчера: Работнички – Брегалица 0-0.

Табела: Вардар 26, Шкендија 25, Силекс 16, Младост ЦД 13 (-1), Работнички 11 (-1), Брегалница 11, Шкупи 11, Ренова 9, Турново 9, Металург 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top