Младиот шпански мотороциклист и актуелен освојувач на титулата во МотоГП шампионатот, Марк Маркез, рано утринава ја освои пол-позицијата на патеката Алберт Парк за трката на големата награда на Австралија.
Возачот на Хонда доминираше во текот на квалификациите и заслужено на утрешната трка ќе стартува од првото место. Зад него се пласираа Андреа Јаноне и Хорхе Лоренцо кој се уште има шанси за шампионската титула оваа сезона бидејќи заостанува 18 бода зад лидерот Валентино Роси на три трки до крајот на шампионатот.
Токму Роси потфрли во денешните квалификации бидејќи го зазема само седмото место и ќе стартува од третиот ред.
Посебно интересна се очекува да биде трката во Австралија бидејќи првите десет возачи ги извозеа квалификациите со разлика во само една секунда.
ГП АВСТРАЛИЈА квалификации:
1. Марк Маркес Хонда 1:28,364
2. Андреа Јаноне Дукати 1:28,680
3. Хорхе Лоренцо Јамаха 1:28,680
4. Дани Педроса Хонда 1:28,712
5. Кал Крачлоу Хонда 1:28,912
6. Маверик Вињалес Сузуки 1:28,932
7. Валентино Роси Јамаха 1:29,014
8. Алеиш Еспаргаро Сузуки 1:29,015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.