Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси вчера бил примен во болницата во Римини, каде докторите ја следат неговата ситуација по падот кој го имал за време на тренинг на мотокрос патеката Кавалјара.
Роси возел мотокрос, а од падот заработил повреди на градите и абдоменот, кои иако според првичните информации не се многу сериозни, бараат внимателно следење и докторска опсервација. На „Докторот“ ова не му е првпат да се повреди возејќи мотокрос, откако слични инциденти имаше во 2010 и 2014 година кога заврши со изместено рамо, односно скршен прст на раката.
Овој инцидент го прави неизвесен настапот на Роси на претстојната трка во Муџело, но засега е рано да се каже дека нема да биде во состојба да учествува на натпреварот пред италијанската публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.