| четврток, 6 декември 2018 |

Деревен ќе паузира половина година

vardar-germanci-5

Александар Деревен ќе паузира подолго од очекувањата, а повредата на лигаментите на коленото е посериозна од првичниот впечаток, па рускиот репрезентативец веројатно ќе биде надвор од теренот околу шест месеци.

Деревен се повреди во првото полувреме од мечот со германскиот вицепрвак Рајн Некар, по што најпрвин на рацете на соиграчите беше изнесен од теренот, а потоа веднаш пренесен во болница.

Македонскиот шампион преку својата веб-страница објави дека ќе се почека да дојде до спласнување на отокот, по што врз коленото на рускиот бек ќе бидат извршени нови прегледи, а како очекувана пауза медиумите наведоа пауза од околу пет до шест седмици.

Сепак, сега се тврди дека повредата е многу сериозна, дека станува збор за скинати лигаментите, што би значело пауза од најмалку шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top