| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе опкружено со шприцови: Оваа фотографија делува бизарно но крие преубава приказна која ќе ве остави без зборови (фото)

Да се добие посакуваното дете е навистина едно големо чудо, а тоа го знаат сите татковци и мајки кои долго чекале да се реализираат како родители особено оние кои до бебе дошле благодарение на вонтелесно оплодување.

бебе

Фотографија на новородено девојче, кое спие во срце обликувано од инјекции во кус период стана хит на Фејсбук.

Бебето го фотографирала нејзината мајка Ангела, со цел да го насочи вниманието на емоционалните и физичките маки низ кои поминуваат  жените кои се подвргнуваат на вонтелесно оплодување.

Во знак на благодарност фотографијата ја испратила на Институтот Шер во кој година и пол дена поминувала низ повеќе циклуси на вонтелесно оплодување.

Институтот ја објавил фотографијата на Фејсбук и напишал дека станува збор за вистинска љубов и мајка кој преземала се да ова прекрасно девојче дојде на свет.

12106949_10153722733363258_2285344448710686237_n

Докторката на Ангела кажала дека инјекциите и празните ампули од лекови кои мајката ги искористила за обликување на срцето се само дел од тоа што навистина примила за време на третманот.

Сите тие инјекции се ништо во споредба со емоционалните  стресови низ кои поминував додека  мојата  ќерка не беше конечно зачната“, кажала Ангела.

За кратко време оваа фотографија е споделена повеќе илјада пати, а со фотографии од нивни деца се придружиле голем број на родители кои ги добиле со вонтелесно оплодување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top