| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола се подготвува претставата „Последната ноќ“

Народен театар Битола ја подготува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Преводот на текстот е на Ана Марија Илиевски, а во главните улоги играат Соња Михајлова и Марјан Ѓорѓиевски.

Музијата во претставата е на Димитар Андовски, а костимите се на Марта Дојчиновска.

unnamed (2)

– Оваа претстава е обид да покажеме што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е драма за двајца, сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма, која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите тие работи што семејството ги гради. Приказна што зборува за поинакво семејство, понижувано смејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет – вели режисерот Цветановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top