Медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) за една недела побарале 1.168 граѓани, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.
Од отворањето на линијата на 16 септември досега се регистрирани 56.481 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори. Јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
– На сите оние лица што побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија – соопшти Здравствен дом Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.