| четврток, 6 декември 2018 |

Горбок: Меч за уживање против Рајн Некар Левен

 

vardar-seged-20

Сергеј Горбок играше за Рајн Некар Левен, денешниот противник на Вардар и одлично ги познава состојбите во таборот на германскиот тим. Горбох очекува меч за уживање и секако победа на неговиот сегашен тим, Вардар.

„Не очекува тежок меч, но верувам дека сите ќе уживаат денеска и ние ракометарите и публиката. Играат многу добра сезона, а одлични се и во Лигата на шампионите. Не е лесно да ја победите Барселона и да одиграте реми со Кјелце. Тие го сторија тоа, а имаат и врвни играчи, но ние сакаме победа и верувам дека ќе ја оствариме“, вели Горбок.

Мечот ќе почне за десетина минути во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top