Вардар ќе го има првиот посериозен тест за амбициите да настапи на фајналфор турнирот во Келн, денеска во Скопје против германскиот тим Рајн Некар Левен.
Вардарци атакуваат на четвртата победа во Б групата од Лигата на шампионите, а патем ќе се обидат да забележат хет-трик триумф против овој состав. Лани на двапати вардарци го победија Рајн Некар и ако повторно најдат победнички рецепт ќе го задржат врвот во групата со максимален учинок.
мечот почнува во 17,30 часот и ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.