| четврток, 6 декември 2018 |

Болницата во Кочани доби нов софистициран мамограф

Во општа болница во Кочани  е набавен софистициран мамограф, еден од шесте кои ги обезбеди Министерството за здравство на Република Макеоднија.

Станува збор за софистициран мамограф за дијагностицирање на болести на дојка. Со неговото ставање во функција пациентките од Кочани нема да треба да одат во Штипскиот клиники центар за преглед, бидејки  дијагностицирањето ќе можат да ги вршат дома.

– Новиот софистициран мамаограф што ќе биде ставен во функција деновиве, ќе биде сместен во одделението за рентген техника. Веќе се оспособени лекар и медицинска сестра со што и услугите ќе бидат навремени и квалитетни, истакна директорот на Општа болница во Кочани,  Дејан Апостоловски.

Карциномот на дојка е едно од трите најчести малигни заболувања кај жените во кочанско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top