| четврток, 6 декември 2018 |

Се расипа новиот мамограф во поликлиниката „Букурешт“

Новиот дигитален мамограф во поликлиниката „Букурешт“ е во дефект веќе две недели и се чека сервисот да го отстрани дефектот. Состојбата во останатите поликлиники е следна, до крајот на годината нема слободен термин. преку системот „мој термин“ во градската општа болница „8 Септември“ зафатени се и термините за снимање и во јануари. Овој месец слободни термини има само на Клиниката на радиологија.

– Апаратот е нов, но настана дефект и ќе биде сервисиран. Во останатите поликлиники мамографите работат, а во поликлиниката Чаир имаме нов дигитален апарат – вели д-р Златко Мехмедовиќ Директор на Здравствен Дом Скопје за „Здравство.мк“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top