Софија Вергара, познатата колумбиска актерка и тв-водителка, открила дека е подготвена да добие уште едно дете, кое би го имала со својот свршеник Џое Манџаниело (38). Но актерката открила дека не може да забремени па затоа детето ќе го добие преку сурогат мајка.
– Ќе имам уште едно дете со помош на сурогат мајка – изјавила 43 годишната Софија. Колумбијката следниот месец ќе се омажи за својот колега Манџаниело, а таа од првиот брак го има 24 годишниот син Маноло.
Актерката изјавила дека е подготвена со Џое да основа семејство и дека не и пречи тоа што самата не може да го износи бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.