| четврток, 6 декември 2018 |

Годините ништо не и можат: Софија Вергара изгледа подобро отколку пред 25 години (фото)

Познатата актерка Софија Вергара и во петтата деценија воодушевува со своите атрактивни облини, убавото лице, но и стилот кој е перфектен. Според многумина, таа спаѓа во онаа група на среќни жени кои се разубавуваат како што стареат, а тоа го докажала и со последната фотографија на Инстаграм која ја објавила пред неколку дена.


Софија ја споделила фотографијата од дамнешната 1992 година, а коментарите на поголемиот дел од корисниците на социјалнитем мрежи се дека таа денес изгледа многу подобро отколку претходно. Фотографијата предизвикала воодушевување кај нејзините обожаватели, а некои дури и ја споредиле со филмската дива Софија Лорен.

Во тој период, ѕвездата на серијата “Modern Family” била во брак со својата средношколска љубов Џо Гонзалес, со кој во 1991 година го добила синот Маноло, а се развела две години подоцна.

Вергара ја пронајде својата среќа со друг Џо – Џо Манганиело, актерот кој клекна пред неа по само шестмесечна врска, а денес тие се еден од најубавите и најсимпатичните холивудски парови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top