Доколку мислите дека Португалецот Кристијано Роналдо е само најдобар фудбалер на денешницата, сте се излажале. Тој не е само спортист, туку и глобален бренд. Фудбалерот кој самиот себе се нарекува CR7, го зголемува своето богатство со промоција на Инстаграм, каде што го следат дури 106 милиони следбеници. Фотографиите на Инстаграм се жив доказ дека КР7 е нарцисоиден, но тоа воопшто не го засега кога крај него секогаш се најубавите жени. Меѓутоа, во целата оваа приказна се појавуваат и деца, Роналдо гордо објавува дека станал татко на близнаци – Ева и Матео. Освен тоа пред шест години го доби и синот Кристијано Роналдо јуниор.
Мистеријата на Роналдо – Од каде му се децата?
Постојат безброј шпекулации за тоа зошто 32–годишниот Роналдо сѐ уште не е женет, трачеви за неговата наводна хомосексуалност и зошто фудбалерот не го открива идентитетот на мајката на неговите близнаци.
Никој точно не знае кога и каде се родени, пишува британски „Дејли меил“. Слични прашања се поставуваат и за Кристијано јуниор, а очигледно Роналдо е таткото на своето семејство кое функционира без мајка. Освен покрај него, кој постојано е зафатен со тренинзи и рекламни кампањии, децата растат покрај неговата мајка Долорес, сестрите Алма и Лилијана и секако цела армија дадилки.
Вештачко оплодување и сурогат мајка рецеп за совршени деца?
Кристијано ја шокира јавноста кога на 26 години објави дека станал татко, кусо објавувајќи дека целто старателство е негово и дека мајката нема да има никаков контакт со детето. Подоцна мајката на Роналдо откри дека отишлa по детето на Флорида и го донела во Шпанија (ова од денешен аспект е лага бидејќи во истатa болница се родени и билизнаците). Дали го родила сурогат-мајка или Кристијано јуниор е резултат на секс за една ноќ, до денеска не е познато.
Роналдо не е никаков волшебник, туку маж со многу пари и е подготвенда даде многу за остварување на своите цели. На јавноста ѝ е познат дека ги користи услугите на сурогат-мајка, односно дека наоѓа жени кои се подготвени на вештачко оплодување и по раѓањето да се одречат од детето, неверојатно за многу пари.
Зошто најпосакуваниот ерген го прави тоа?
Една од најдобрите адвокатки за случаите со сурогат-мајки, Стефанија Кабаљеро, смета дека Роналдо е биолошкиот татко на децата, а се претпоставува дека неговите деца доаѓаат од „серија ембриони“.
Сурогатските клинки рутински оплодуваат неколку јајце-клетки, ги замрзнуваат и ги хранат со години, во случај клиентот повторно да посака деца. Кабаљеро открива како Роналдо можел да дојде до три деца.
Првиот чекор е да се одбере една од многубројните агенции во Калифорнија, каде што сурогатството стана индустрија од милијарда долари бидејќи тамошните закони им се наколнети на потенцијалните родители. Така таму родители може да станант и самци и двојки без разлика на сексуалната ориетација. Во Португалија сурогатството за Роналдо е недостапно бидејќи е ерген.
Роналдо не ги добива децата, ги креира
-Ниеден португалски суд не би признал договор меѓу Кристијано и сурогат-мајка, ваквиот договор би бил прогласен за неважечки, истакнува Кабаљеро.
Во Калифорнија, само ѝ се плаќа на агенцијата 150 илјади евра за близнаци, од кои 40.000 евра одат на сметка на мајката. Роналдо може да го одбере донаторот на јајце-клетката (која добива околу 7000 евра) меѓу стотина жени кои може да се видат на фотографија и податоци за биографијата. Но, бидејќи Роналдо сака неговите деца да бидат негова копија, или како што изјави „да ги носат неговите фудбалски гени“, одбира спортски типови на жени, односно Латиноамериканки.
Со оглед на тоа дека децата личат на него, очигледно е дека неговата сперма е дел од едначење. Во Калифорнија се бираат други жени да ги носат децата, најчесто за да не се создава емоционална поврзаност меѓу детето и мајката по раѓањето. Сето тоа се регулира со договор кој се потпишува пред бременоста, а жените се одрекуваат од своите права.
Мајките не знаат кому му раѓаат деца
Според строгите правила на дискреција и правото на приватност, жените кои донираат јајце-клетки, како и оние кои го носат детето до крај, не им се кажува за кого се децата и каде ќе растат. Но, зошто Роналдо немал деца со своите девојки, на пример со Ирина Шајк, со која беше пет години во врска?
Ако е вистина дека неговата девојка Џорџина Родригез е трудна (тоа се само сомнежи заради објавување на фотографии на изгледа како да е бремена), тогаш негвите одлуке се бизарни. Локалниот свештеник Жао Родригез отворено го критикува фудбалерот: „Со тоа што го прави оди против Бог и им го скратува правото на децата на еден родител“.
За сѐ е виновно тешкото детство
Некои стари прјатели на Роналдо и соседи сугерираат дека неговата одлука сам да ги одгледува децата е покрената од траумите од детството. Тој како најмлад од четирите деца растел во сиромаптија, живел во мала куќа со ѕидови од азбест. Неговиот татко станал тежок алкохоличар откако се вратил од војна во Африка, а неговата мајка во страв дека ќе нема доволно пари за уште едно дете, се напила нешто што требало да предизвика спонтан абортус токму на Роналдо. Сепак се родил, а таа сѐ уште има грижа на совест за тоа што го направила и уште повеќе за тоа што на 12 години го испратила сам во Лисабон да игра фудбал.
Според други теории тој сака да биде самохран росител бидејќи е нарцисоиден, но има и такви кои тврдат дека никогаш не ги сакал своите девојки и дека е геј и со нив го прекривал тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.