| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е мажот до Софија Вергара на „Еми“ наградите? (Фото)

Софија Вергара беше со нов кавалер на наградите “Еми”, кои беа поделени во Лос Анџелес. Излегува дека младиот човек е биолошки син на актерката. Маноло Гонзалес Вергара има 26 години.

Едноставна пресметка покажува дека Софија го родила кога имала само 19 години.

Тоа се случило во родната нејзина Колумбија, кога ѕвездата сè уште била многу далеку од Холивуд. Маноло е плод на бурна школска љубов која траела многу кратко.

-Добро е да бидам тука, таа ме поканува кога Џо (нејзиниот сегашен сопруг) е зафатен, изјави Маноло за новинарите.
Ништо чудно да го гледаме Маноло почесто до познатата мајка, бидејќи тој исто брка актерска кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top