| четврток, 6 декември 2018 |

Без голови и шанси по 45 минути на мечот Македонија – Украина

makedonija-spanija-5

Без голови и без сериозни шанси и со катастрофално лоша посета минаа првите 45 минути на квалификацискиот меч меѓу Македонија и Украина.

Пред помалку од илјада гледачи на „Филип втори“ арената двете селекции прикажаа скромна претстава, на мечот кој е мошне важен за гостите од Украина и само за рехабилитација за македонските репрезентативци. По неколку удари кон голот на Пјатов, односно на Пачоски се преслаб ефект за репрезентации што имаат амбиции за настап на ЕП, каков што е случајот со Украина и за селекција што сака да го избегне последното место на табелата каков што е случајот со Македонија.

Остануваат уште 45 минути за да се поправи впечатокот, а со евентуална победа Украинците остануваат во игра за пласман на шампионатот во Франција следната година, додека триумф на Македонија ќе значи сигурно препуштање на фенерот во Ц групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top