| четврток, 6 декември 2018 |

Руни вечерва пред мечот со Естонија ќе ја добие „златната копачка“

vejn runi

Офанзивниот играч на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација, Вејн Руни, на претходниот натпревар за својата репрезентацијата против Швајцарија го постигна 50.гол во својата кариера и стана играч со најмногу голови за Англија во историјата.
По тој повод, на денешниот дуел против Естонија на „Вембли“ ќе му биде доделена награда. Тој ќе ја добие англиската „Златна копачка“, а ќе му биде доделена од страна на претходниот рекордер Сер Боби Чарлтон. Руни денеска нема да игра за „гордиот албион’ поради повреда.
Напаѓот на Манчестер јунајтед својот прв гол во дресот на англиската фудбалска репрезентација го постигна против Македонија на тогашниот „Градски стадион“ шести септември 2003 година, кога имаше само 17 години.

zlatna kopacka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top