| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските иселеници жестоко реагираат на барањата да им се ускрати правото на глас

Македонските иселеници се разочарани од однесувањето на СДСМ и нивното барање да им се ускрати правото на глас за следните избори за претставници во Собранието.

dijaspora44

Од дијаспората се организираат групи на социјалните мрежи со кои се бара премиерот Никола Груевски да не подлегне на притисокот од СДСМ  во барањето дијаспората повеќе да не гласа.

Една таква група е „Што имаш ти против мене, и јас сум Македонија“ на која иселениците пишуваат мислења и коментари за нивното право на глас.

Зарем ние не сме Македонија? … Никој нема право да не одроди заради тоа што не живееме во Македонија –  коментираат македонските иселеници.

maked

– Дијаспората е загрижена заради насоката во која се движи СДСМ и непрепознавањето на моментот на пресврт без излез или моментот кога се губи контролата на текот на настаните. Тогаш хаосот што сте го создале ве проголтува вас, но и сите заедно. Свесно или несвесно, Македонија се турка кон непознато утро, со цел пресврт во кој сите сме губитници. Бараме полесен пристап до гласањето, електронско гласање, гласање по пошта, олеснета процедура за гласање на дијаспората. Со цел од 2.000.000 Македонци во дијаспората барем најмалку 30 отсто од нив да го остварат своето право на глас. Тоа се веќе 600.000 потенцијални гласачи. Со таа бројка на гласачи дијаспората би требало да има од 9 до 20 места во парламентот – истакнува иселеникот Дејан Аџијоски во писмо упатено до Зоран Заев.

Тој го потсетува Заев дека дијаспората учествува со околу 20 отсто во македонскиот БДП и дека околу 120 држави во светот ѝ дозволуваат на својата дијаспора да гласа.

Аџијоски упатил писмо и до премиерот Груевски во кое му се заблагодарува за сѐ што сторил досега за иселениците и што направил да се чувствуваат горди Македонците во дијаспората.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top