Единаесетгодишно дете уби осумгодишно девојче во американската држава Тенеси бидејќи не сакало да му ги покаже мали кучиња.
Американската полиција соопшти дека детето пукало во девојчето Латаша Даер од пиштол што неговиот татко легално го поседувал, затоа што малата сосетка не сакала да му ги покаже нејзините две кученца.
Детето е обвинето за првостепено убиство како малолетник, јави „Би-Би-Си“. Убиството се случило во саботата, во мало место во близина на Кноксвил во Тенеси.
Американската непрофитна организација „Архива за оружено насилство“ соопшти дека во оваа година 559 деца на возраст од 11 години или помлади се убиени или повредени во вооружено насилство во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.