Двата најсериозни кандидати за титулата во домашниот шампионат Вардар и Шкендија денеска во рамките од деветтото коло од ПМФЛ славеа рутнски победи на гостински терен во Кратово и Чаир.
Вардар со 3-0 беше поуспешен од Силекс со головите на Немања Мијушковиќ во 30.минута, Хофханес Хамбарџумјан успешно стрелаше 66.минута го постигна вториот гол за актуелниот шампион, со кој и беше решен мечот. Во завршницата и Јасир Асани се запиша меѓу стрелците.
Шкендија успеа да се врати во Тетово со три бода од жешкото гостување на Чаир против Шкупи откако попладнево славеше со 2-0. Стрелци на головите беа Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими кои во второто полувреме го скршија отпорот на Шкупи. Хасани го отвори резултатот во 63.минута со удар со глава, а во 74.минута Бесарт Ибраими со удар по земја од околу 15 метри зголеми на 0-2.
Работнички се врати на победничките патеки откако на „Филип Втори“ славеше со 2-0 над градскиот ривал Металург.
Тоа беше воедно и роденденски подарок за „дебармаалци“ кои го слават 78.роденден на својот клуб. Мите Цикарски од пенал во 45.минута донесе водство за „романтичарите“ додека вториот гол беше дело на капитенот Баже Илиојоски во 48.минута кој подоцна успеа да промаши и пенал за поголема разлика.
Ренова и Брегалница ремизираа, 1-1. Изаир Емини во 56.минута ги доведе „гипсарите“ во водство, но само две минути подоцна израмни Горан Здравков.
Валентин Кочовски со удар со глава во 54.минута, по корнерот од десната страна, донесе триумф за Хоризонт Турново на домашен терен против Младост Царев Двор.
Резултати 9.коло: Силекс – Вардар 0-3, Шкупи – Шкендија 0-2, Работнички – Металург 2-0, Ренова – Брегалница 1-1, Хоризонт Турново – Младост ЦД 1-0
Табела: Шкендија 24, Вардар 23, Силекс 13, Младост ЦД 12, Шкупи 11, Работнички 10 (-1), Брегалница 10, Х.Турново 9, Ренова 6, Металург 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.