По катастрофалните лоши резултати на актуелниот шампион на Англија, Челси, капак дојде и вчерашниот пораз од Саутемптон на „Стенфорд Бриџ“ од 1-3.
Тоа го влучи аламарот во клубот и експресно беше закажан состанот на бордот на директори заедно со сопственикот Роман Абрамович. Долгата дебата било одлучено Мурињо, сепак, да добие нова шанса. Рускиот милијардер е бесен поради очајната форма на тимот, но изгледа дека ја научил лекцијата од пред осум години кога му додели отказ на Мурињо, па мораше да му плати отштета од 18 милиони евра. Сега таа ќе биде уште поголема бидејќи португалскиот стручњак пред две години потпиша договор со многу повисока плата.
И покрај тоа што останува на клупата, за Жозе престои пеклоен период кога треба да го врати тимот во врвот на табелата и да се обиде до крајот на сезоната да ја одбрани титулата со играчи кои се надвор од својата најдобра форма.
Оваа сезона, тој го бележи својот најслаб старт во кариерата со дури шест порази во првите 12 натпревари од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


